Соопштенија

20 март 2023

Програма за млади таленти - Алкалоид АД Скопје

Почитувани студенти,
АЛКАЛОИД АД Скопје организира вебинар – онлајн презентација за практиканство, преку кој ќе се запознаете со можностите за практична работа во АЛКАЛОИД АД Скопје и за перспективите што Ви се отвораат по завршување на практичната работа.
Доколку сте заинтересирани за да го следите вебинарот за практиканство во АЛКАЛОИД АД Скопје, Ве молиме да ги внесете Вашето име и презиме, електронска адреса и образовна институција каде што студирате, во формуларот кој е објавен на следниот линк:
Пријавувањето трае до 20.3.2023 г. до 09:00 часот.


14 март 2023

Соопштение за АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2022/2023 година

Се известуваат студентите на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје дека, априлската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2022/2023 г.,  ќе се одвива во периодот од 07.04.2023 г. до 13.04.2023 г.
Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во учебната 2022/2023 година  и уредно им е заверен зимскиот семестар од учебната 2022/2023 година.
Студентите во априлската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од зимскиот семестар од учебната 2022/2023 година.
Задолжителното електронско пријавување на испитите во 2023 априлската  (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 17.03.2023 г. до 06.04.2023 г.
Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).
Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната априлската (дополнителна) испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите ќе бидат објавени најдоцна до 27.03.2023 г. на огласните табли и на веб страните на институтите на ПМФ.

НАПОМЕНА:
Само вонредните и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                  ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                    НБРМ

- трансакциска сметка                                             100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                 1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                      723013 - 41 – 2

- цел на дознака                                                       (за полагање испит)

13.03.2023 година                                                              од Деканатот,


02 март 2023

Гостинско предавање од д-р Андреј Ристески на тема: Од алхемија до наука: математички основи на длабоко учење

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на гостинското предавање на д-р Андреј Ристески, визитинг професор на ФИНКИ. Предавањето ќе се оддржи на 2.3.2023 (Четврток) од 17:00. Предавањето ќе биде онлајн на Microsoft Teams, на линкот.
Повеќе информации за предавањето:
Наслов: Од алхемија до наука: математички основи на длабоко учење
Апстракт: Невронските мрежи и длабокото учење (deep learning) се одговорни за огромен напредок во машинско учење во последната деценија во многу области на примена, вклучувајќи процесирање на слики, аудио и текст. Иако нивниот практичен успех е неоспорен, нашето математичко разбирање на тоа кога и зошто се толку успешни е рудиментарно–во голема мера затоа што не можат да бидат анализирани низ класични парадигми на статистика и алгоритамска комплексност. Во ова предавање ќе зборувам за некои од овие мистерии и обидите да ти решиме. Предавањето ќе биде достапно за публика со генерална позадина во информатика и компјутерски науки, и нема да претпостави специјално познавање од областа на длабоко учење.  

Биографија: Андреј Ристески е доцент во одделот за машинско учење во универзитетот Carnegie Mellon. Пред позицијата во Carnegie Mellon, Андреј беше Norbert Wiener Fellow во одделот за применета математика во универзитетот MIT, како и во институтот за Data Science и статистика (IDSS). Андреј има докторат по компјутерски науки од универзитетот Принстон, каде исто дипломира.
Неговата област на истражување се математичките и научни основи на машинско учење и вештачка интелегенција, со особен фокус на длабоко учење и невронски мрежи. Андреј е добитник на Amazon Research Award ("Causal + Deep Out-of-Distribution Learning"), NSF CAREER Award ("Theoretical Foundations of Modern Machine Learning Paradigms: Generative and Out-of-Distribution") и наградата "Најдобар млад научник" во природно-математички и технички науки (во склоп на конкурсот „Успешни млади", доделена од претседателот Стево Пендаровски).

Со почит,
ЦеНИИс - Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


01 март 2023

ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ДРАГИ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ,
Запознајте се одблиску со ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА при Природно-математичкиот факултет, Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје во рамките на ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ на Институтот, кои ќе се организираат два пати месечно, во текот на месеците март, април и мај.

Во периодот од 10-13 часот ќе имате можност да се запознаете со нашите физички капацитети, амфитеатар, предавални, научноистражувачки лаборатории, библиотека и читална, минералошка збирка и да присуствувате на лабораториските вежби во студентските лаборатории.

Исто така, Ве покануваме да присуствувате на часовите по хемиско експериментирање!

Прашајте сè што ве интересира за студиските програми по:

  • применета хемија,
  • применета хемија-аналитичка биохемија и
  • наставна хемија.

Запознајте се со можностите за: стипендирање, практикантството, кариерните можности и студентскиот живот. 

Наставниците може да ги пријават своите ученици на следниот линк: https://forms.gle/SXw7K4mcXNzLiJQZ6.

Првиот термин е на 06.03.2023 година со почеток во 10:00 часот.

Ве очекуваме!

Проф. д-р Наташа Ристовска
Раководител на Институтот за хемија


27 февруари 2023

Предавање на Мауритс Ван Тол, Chief Technology Officer на Johnson Matthey

Почитувани студенти,
На 02.03.2023 со почеток во 09:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија ќе се одржи научно-популарен настан. Главниот говорник ќе биде г-дин Мауритс Ван Тол, (Maurits van Tol http://bit.ly/3IQRU9D), Chief Technology Officer во компанијата Johnson Matthey. 

Со големо задоволство гостинот со студентите ќе го сподели неговиот кариерен развој, а дел од времето ќе посвети и на презентација на актуелните истражувања во Johnson Matthey и преминот кон „Hydrogen technology“. 

Дел од настанот ќе биде посветен на Q&A сесија, каде преку отворена дискусија пристуните ќе имаат можност да поставуваат прашања од сите области, добивајќи можност за збогатување на своето знаење и откривање нови идеи и можности. 

Доколку ве интересира како е да се биде хемичар во Johnson Matthey, како да градите успешна кариера и станете врвен експерт во својата област, тогаш овој настан е токму за вас.


24 февруари 2023

Соопштение за продолжување на рокот за заверка на зимски семестар и упис на летен семестар во учебната 2022/2023 година

Се известуваат редовните и вонредните студенти на прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека заверката на зимскиот семестар и уписот на летниот семестар во учебната 2022/2023 година СЕ ПРОДОЛЖУВА за една работна недела и тоа: од 27.02.2023 до 03.03.2023 г. во следниве чекори:

1. ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ
Студентите задолжително електронски го запишуваат летниот семестар во учебната 2022/2023 година до 03.03.2023 г. (согласно упатството на крајот на Соопштението).

2. СТУДЕНТСКА АНКЕТА
Студентите за да може да запишат летниот семестар во учебната 2022/2023 година задолжително треба да пополнат анонимна студентска анкета за професорите и асистентите кај кои имале настава во претходниот (зимски) семестар (Упатство за пополнување на анонимни студентски анкети).
Студентите кога доставуваат документи во Одделението за студентски прашања, треба заедно со останатите документи да достават како доказ, испринтана слика од својот екран за завршено анкетирање.

3. РЕЗЕРВИРАЊЕ ТЕРМИН
Студентите резервираат термини за поднесување на документи во Одделението за студентски прашања (во времетраење од 5 минути) во Google sheets, достапни на линковите во табелите, групирани по семестри на упис и соодветни институти.

27.02.2023 до 03.03.2023 г.
за студенти кои запишyваат IV, VI, VIII семестар и сите погорни семестри
од 10:00 ч. до 15:00 ч.

линк
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1sI4wn49zNMmFQGithZZyuOwsLTBZQdXvMQezclx-uzc/edit#gid=0

Институт

шалтер

Институт за биологија
Институт за хемија
двопредметни студии по биологија-хемија

 

2

Институт за математика
Институт за физика
двопредметни студии по математика-физика
Институт за географија
Институт за етнологија и антропологија

 

1

4. Потребни документи
1.  Индекс
- задолжително собрани потписи во индекс и електронски потписи во iknow системот за предметите слушани во зимскиот семестар 2022/2023 година;
- во индексот од страна на студентите задолжително да бидат впишани предметите кои ќе се запишат во летниот семестар во 2022/23 година.

2. Образец за заверка на зимскиот семестар А4, уредно пополнет со предметите кои студентот ги слушал во зимскиот семестар во 2022/23 година.

3. Образец за запишување на летниот семестар А3, уредно пополнет со следнава напомена: студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги запишат предметите што ќе ги слушаат во летниот семестар во 2022/23 година (вклучително и изборните предмети) по прв пат и предметите кои ги презапишуваат, односно што НЕ ГИ ПОЛОЖИЛЕ од претходниот летен семестар во А3 образецот за запишување на семестар).

4. Уплатница за уплатени 400,00 денари која се однесува за следниве намени: административни трошоци,  за обезбедување и за испитни  тетратки.

5. Уплатница за уплатени средства за упис на летниот семестар во учебна 2022/2023  година за студентите запишани во државна квота.
Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година и дадени во Напомена 3.
Доколку студентот запишан во државна квота, не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар или еден предмет запишува по третпат, ги продолжува студиите со поднесување на трошоци за студирање (наведено во Напомена 1, подоле во соопштението), или

6. Уплатница за уплатена рата за редовните и вонредните студенти запишани со кофинансирање согласно договорот потпишан со факултетот. Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети помалку од 50% од предметите, наведено во Напомена 1, подоле во соопштението). Цените на кредити се одредени согласно со одлука надеканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година и дадени во Напомена 3.
Доколку уплаќате електронски, налозите да бидат испечатени и заверени со печат од банката.

 

Напомена 1:
Согласно, чл.23 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417/2019), студент запишан со партиципација (*државна квота), го губи статусот на студент запишан во квота со партиципација (*државна квота) и ги продолжува студиите во квота со школарина (*со поднесување на трошоците за студирање - кофинансирање) ако:
- еден предмет запишува по трет пат;
- не положил најмалку 50% од запишаните кредити воодреден семестар, до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).
* термините за квотите наведени во заградите, се однесуваат за студентите запишани по прв пат во уч.2018/2019 година и претходно и истите имаат еднакво значење.

Напомена 2:
Согласно, чл.34, чл.35, чл.36 и чл.37 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ,бр.417, 29 јануари 2019) студентите, при упис на предметите треба да внимаваат:
- при запишување на нови предметите, изборот на истите,  треба да е во согласност со правилата за напредување, утврдени со студиските програми;
- на условувачките критериуми, односно на предусловите за запишување на секој предмет, кои се дефинирани во студиската програма (хоризонтална и вертикална условеност);
- најпрво ги презапишуваат неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот зимски семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар, и на крај изборните од тековниот семестар, но не повеќе од вкупно 35  кредити;
- особено успешните студенти (со просек 8,50 или повеќе) може да запишат до 40 ЕКТС под услов да се положени сите претходно запишани предмети. Во овој случај, студентите заедно со сите потребни документи и уплати поднесуваат Барање за запишување од 36 до 40 ЕКТС.
 По проверка од страна на Одделението за студентски прашања, барањето по службена должност се доставува до продеканот за наставни и студентски прашања на потпис;
-   при повторно запишување на неположен изборен, студентот има право да го замени со друг изборен предмет (доколку сака да изврши промена). Студентите поднесуваат Барање за замена на неположен изборен предмет до Ектс координаторот на соодветниот Институт);
- доколку студентот во семестарот запишува изборен/изборни  од универзитетската листа на слободни изборни предмети за прв циклус студии на  УКИМ, да се внесе во образецот за упис на семестарот А3,  во точното поле. (10% од изборните предмети).

Напомена 3:

 

1 ЕКТС кредит

-квота-

за предмет, кој се запишува по  прв пат (денари)

за предмет, кој се презапишува (денари)

Редовни - со партиципација (државна квота)

210,00

410,00

редовни и вонредни школарина (со кофинансирање) 400 еур

 

410,00

 

600,00

 Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите, за предметите кои се презапишуваат. Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот и исклучиво да го користат Калкулаторот за пресметување уплати при упис, поставен на фејсбук профилот на ПМФ и на веб страната на ПМФ во делот Настава и студирање >> Студентски прашања >> Калкулатор за пресметување уплати при упис на ПМФ линк и Видеото за пресметување уплати при упис линк.

Студентите, кои се во тешка материјална состојба, може да поднесат Барање за плаќање на рати. Сумата до 15.000,00 може да се уплати на 2 рати, а над 15.000,00 на 3 рати и не треба потпис за одобрување.

Барањето за плаќање на рати за летниот семестар во уч.2022/2023 година, може да го подигнете од Одделението за студентски прашања или да го симнете на следниот линк

Напомена 4:

Студентот кој не го запишал летниот семестар во учебната 2022/2023 г. во определениот рок (до 03.03.2023 г.) тоа може да го стори во период од 06.03.2023 г. до 31.03.2023 г. во период од 11:30 ч. до 13:30 ч. со поднесено барање со образложение и плаќање на надоместок за задоцнето запишување во износ од 1.000 денари на шалтерот на Одделението за студентски прашања.

По истекот на рокот за задоцнето запишување, на студентот нема да му биде дозволено запишување на летен семестар во учебната 2022/2023 г.

Напомена 5:

Барање за мирување на студиите, студентот може да побара во роковите за упис на семестарот, но не подоцна од 31.03.2023 г.

Напомена 6:

Сите уплати наведени во Потребни документи (точки 4, 5 и 6) се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                             ПМФ – СКОПЈЕ

- банка на примач                                             НБРМ                        

- трансакциска сметка                                       100000000063095

- сметка на буџетскикорисник на ПМФ               1600110804788 19

Точки 5 и 6

- приходна шифра програма  начин                    723012 - 41 – 2

- цел на дознака    (упис на летен семестар во уч.2022/2023 г. студиска програма)

Точка 4

- приходна шифра програма  начин                    723019 - 41 – 2

- цел на дознака        (административни трошоци; за обезбедување и за испитни работни тетратки.

 

Подршка и начин на комуникација со студентите,

во периодот од 8.02.-03.03.2023 г.

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) или било каво прашање, пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на:

 

 -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија и биологија–хемија);

 -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика, физика,   географија, етнологија и антропологија)

 -elenad@pmf.ukim.mk (хемија, молекуларна биологија со генетика),

 -keti@pmf.ukim.mk      раководител на Одделението за студентски прашања

 Доколку имате  технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.) пратете електронска  порака, во која  задолжително да се наведе: опис на проблемот, број на индекс на студентот и електронска  адреса со која е регистриран во системот на следнава електронска адреса:  stefan@pmf.ukim.mk  

24.02.2023 год.                                                                        од Деканатот

 

Упатство за запишување и заверување семестар преку “i-know ”

Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите. На неа се наоѓааат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бр. индекс на најавениот студент.

Во табот "запишани семестри" од менито, има табеларен преглед на претходно запишаните семестри. Претходно запишаниот семестар (зимски 2022/2023), кој сега треба да се заверува, ќе биде заверен од страна на службениците на студентската служба, тогаш кога ќе сеприложат документи кои физички ќе ги депонирате и собраните потписи од професорите во индексот.

     Во табот  "запишани семестри", во горниот дел се наоѓа опцијата за запишување на следниот семестар (летен 2022/23). Oд листата понудени семестри го избирате следниот семестар. Oпциите за насока, квота и вид на студии ви се предодредени според претходниот семестар кој сте го запишале. Доколку имате промена на овие податоци по разни основи, мора да се обратите на Одделениетоза студентски прашања. Откако сте ги избрале соодветните параметри, на копчето ”внеси” го запишувате следиот семестар. откако новиот запишан семестар ќе се појави прв (најгоре) во табелата запишани семестри.

Откако ќе го запишете новиот семестар се упатувате на следниот таб "предмети".Тука ги избирате предметите кои ќе ги следите во следниот семестар.  најгоре лево на формата е избран семестарот за кој ќе избирате предмети (летен 2022/23). Треба да ги изберете сите задолжителни предмети кои на вашата насока, може да ги  слушате во летниот семестар, како и дел од изборните од тој семестар, ако има, но не повеќе предмети, односно не повеќе од   вкупно 35 кредити по семестар.

 Во прва година нормално е да се следат 30 кредити по семестар. Оние предмети кои ги запишувате да ги следите, ги префрлате од левите листи во десните со помош на копчињата за лево/десно меѓу листите. Со секое префрлање на избран предмет од лево во десно се ажурира сумата за плаќање за тој семестар, сместена најгоре во средишниот дел на формата. Во прва година, после избор на соодветни предмети, сумата за плаќање треба да е 30 кредити односно 6300 мкд за студентите од државна квота и 12300 мкд за студентите со кофинансирање. Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите кои се презапишуваат, за студентите од 4 семестар, па нагоре.

 Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот. Откако сите потребни предмети ќе се префрлат во десните листи, најдолу десно на формата со копчето “запиши” сите избрани предмети ќе сезапишат за тој семестар и ќе се појават во табела “запишани предмети” во горниот дел на формата. Oткако со копчето “запиши” ќе ги запишете предметите, завршува електронскиот дел од запишувањето на следниот семестар. Вам ви останува физички да ги однесете документите за заверка на минатиот и запишување на следниот семестар на шалтерите на Одделението за студентски прашања, согласно упатството.

 


15 февруари 2023

Соопштение за почеток на наставата по предметот Примена на компјутери во хемијата (за студентите од сите насоки)

Предавањата ќе започнат на 20. 02. 2023 година, понеделник, во 10.00 часот, во предавална 124.

Предметен наставник: проф. д-р Горан Стојковиќ


14 февруари 2023

Информативна сесија на МЕД и ДБУ за стипендии за истражувачки престој во Германија

Македонско еколошко друштво во изминатите десетина години активно соработува со Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) којашто минатата година прослави 25 години од постоењето на програмата за стажирање во Германија наменета за студенти од земјите од Југоисточна Европа. Студентите својот истражувачки престој може да го поминат во организации, фирми, институти, универзитети во Германија 6 до 12 месеци.

Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија. Во последно време оваа програма поддржува и проекти за дигитализација кои имаат некаква допирна точка со екологија или животна средина.

На 17.02.2023 година во просториите на Нетавиле ДБУ и МЕД организираат информативна сесија за условите за стажирање во Германија.

Инфо сесијата ќе биде водена од координаторот на ДБУ стипендиите за Македонија, г-ѓа Фросина Пандурска-Драмиќанин и студентка која годинава ќе започне истражувачки престој во Германија.

Повеќе информации за стипендиите има на следниот линк.


14 февруари 2023

Термин за почеток на предавањата по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА II

Предавањата по предметот Аналитичка хемија II за студентите од втора година, четврти семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе започнат на 20. 02. 2023 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 124.

Предметен наставник:

проф. д-р Јасмина Петреска Станоева


13 февруари 2023

Повик за студенти за учество во организација на натпревари по хемија за основно и средно образование

Почитувани студенти на хемија,
во тек се подготовките за одржување на натпревари по хемија за учениците од основно и средно образование, во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија.

Поради големиот број на заинтересирани, неопходна е помош од студентите. Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани студенти да се пријават за учество како набљудувачи во текот на натпреварот на следната e-mail адреса: natprevar.hemija@gmail.com.

Општинскиот натпревар ќе се одржи на 24.02.2023 (петок).
Студентите нема да бидат ослободени од наставните обврски.


| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.